Поранешен УФЦ шампион, Квинтон Џексон, не сака да влезе во „Куќата на славните“, иако местото му е загарантирано. Четириесет и тригодишниот Џексон е во ММА од 1999 година, а воедно ги мина сите најсилни организации. Во кариерата има 52 борби од кои 38 победи (20 со нокаут), а врвот на кариерата му беше во 2007 година кога го освои УФЦ појасот во полутешка категорија, со нокаут над Чак Лидел.
„Воопшто не сакам да влезам во „Куќата на славните“ на УФЦ, не ми е ни важно. Не се борам за да бидам член во „Куќата на славните“, ниту за да бидам славен. Почнав да се борам за да можам да си ги плаќам сметките. Дајте ми пари, наградете ме на тој начин“, порача Џексон.