Квинтон Џексон загуби од Федор Емелијаненко во главната борба на Белатор 237 во Јапонија. Легендарниот Русин успеа да го нокаутира „Дивјакот“ во првото рунда и многу навивачи се посомневаа дека битката можеби е наместена, затоа што Џексон не покажа отпор на мечот.
Емилијаненко му зададе тежок удар на Џексон по кој се сруши и не покажа знаци дека сака да продолжи, предизвикувајќи го судијата да ја запре борбата. Поразот на Квинтон предизвика многу сомнежи кај фановите на социјалните мрежи, а тоа го предизвика Џексон да даде изјава на социјалните мрежи.
Не го добивм резултатот што го посакував, но се знаеше дека некој ќе биде нокутиран. Тоа беше моја вина и нема да барам изговори. Сè е како што треба и ќе се вратам. Нема да се борам во тешка категорија и треба да ги симнам вишокот килограми. Федор искрено ме победи.
Никогаш не би учествувал во наместени битки. Ова поразза мене и морам да ја намалам тежината. Многу љубов кон моите вистински обожаватели. Понекогаш победувате, но има и порази“, изјави Џексон.