Борецот во полутешка категорија на УФЦ, Јон Кутелаба, е позитивен на коронавирус и отпадна од реваншот со Магомед Анкалаев на УФЦ 252.
Според менаџерот на борецот, бил тестиран во неделата и во моментов е во карантин.
Кутелаба и Анкалаев прв пат се сретнаа во февруари. Борбата имаше прилично контроверзен крај откако со интервенцијата на судијата – Кевин Мекдоналд го прекина мечот додека Кутелаба правеше комбинација против Анкалаев. Оттаму, двајцата борци имаат ривалство и сакаат реванш.
Тоа беше планирано за УФЦ 249, но не успеа поради пандемијата на коронавирус.
Кутелаба е 4-4 во УФЦ и има многу агресивен стил на борба, вклучувајќи ја и силата на нокаутот.
Анкалаев е 4-1 во УФЦ и е во првите 15 во полутешка категорија.