Кинеската атракција Драгон Кунг фу танцовата компанија од Пекинг вечерва ќе го затвори 11-тото издание на „Танц фест“ на сцената на Велешкиот театар.
Всушност, Компанијата е основана во 2006 година од светски позната кунг фу ѕвезда, Џеки Чен. Вклучува членови од престижни кунг фу групи од Кина и сите имаат богато изведувачко искуство на кунг фу техниките.
Тие ќе гостуваат со 11-члена екипа која ќе го изведе проектот „Кунг фу танц” – комбинација од борачки вештини и танц. Проектот е на шестмина кореографи, во режија е на Лиу Лу и на музика на Зоу Ханг. Во пет сцени ќе биде презентирана традиционалната култура и современата уметност во Кина, во која борачките вештини се традиционален спорт, но и мошне ценето културно наследство.
ipon.mk