Дмитриј Кудрјашов (21-2, 21 КО) во Грозни го боксираше првиот меч од поразот со нокаут од Јуниор Дортикос минатиот септември во четвртфиналето на ВБСС турнирот.
На 32-годишниот му требаше малку подолго од што се очекуваше, но сепак успеа да го заврши во шестата рунда Уругваецот Маурицио Барагана (17-4, 10 КО).
Следната борба на Кудрјашов е за девет дена. Ќе се бори против Романецот Александру Јура (17-1, 7 КО).
Чеченецот Умар Саламов (22-1, 17 КО) со лево кроше во стомакот во втората рунда го нокаутира 37-годишниот Денис Либо (24-3, 22 КО) и втор пат ја освои интернационалната ВБО во полутешка категорија.
https://youtu.be/0x0d7NFZhkc
https://youtu.be/vag_l_rNj6g
.