Промоторот на Кубрат Пулев – Кале Зауерланд, потврди дека Бугаринот ќе се бори против Дерек Чисора (Англија). Средбата ќе биде за европската титула во тешка категорија. Откако денеска стана јасно дека очекуваниот меч меѓу Британецот и неговиот сонародник Ентони Џошуа пропаѓа.
„Чисора не беше задоволен од финансиската понуда која му ја предложија за мечот со Џошуа. Ентони и неговиот промотор одлучија да продолжат по друг пат. Сепак тоа е професионален спорт и сé се сведува на пари. Дерек не се согласи и рече дека нема да се бори за слична сума. Можевме да дојдеме до аукција за организирање на средбата. Но, претпоставувам, Еди и Ентони одлучиле да направат нешто друго, бидејќи не дојдовме до договор. На крајот, Дерек има свои барања. Ентони отстапи од позицијата на ранглистата и Пулев веќе е на неговото место“, истакна Зауерланд.
Се уште не е јасно кога ќе се одржи мечот. Една од опциите е тоа да се случи на 12 март, кога има голема галавечер на „Зауерланд“ во Германија. Главниот меч на шоуто е меѓу Јирген Бремер и Томас Остујзен пропадна.