Кубрат Пулев ќе ја брани титулата против Мариуш Вах

kubrat pulev sedi

Откако ја освои титулата во тешката категорија во бокс на ЕБУ, Кубрат Пулев треба да ја брани против предизвикувачот Мариуш Вах. Двете страни имаат рок за преговори пред да биде официјализирана датата на тендерот.

Пулев го победи Дерек Чисора на 7 мај при последното излегување на рингот.

Вах, пак, забележа пораз во ноември на средбата со Александар Поветкин во Русија.

По поразот од Поветкин, Вах беше позитивен на допинг тестот, но тој не беше признат од Светскиот боксерски совет, бидејќи беше направен од Руската антидопинг агенција, на која и беше одземена лиценцата пред советот, бидејќи имаше сомневања во манипулирање на резултатите.

Откако минатиот месец Вах се врати во рингот, тој го победи Марсело Насименто со многу спорна одлука на судииите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON