Бугарскиот боксер, 43-годишниот Кубрат Пулев го освои шампионскиот појас на ВБА (регуларен) во тешка категорија, откако го победи Германецот Махмуд Чар.
Пред повеќе од 10.000 гледачи во Армеец арената во Софија Пулев со едногласна одлука го победи „Дајмонд бој“ и стана првиот Бугарин кој ја освоил титулата светски шампион во професионален бокс во тешка категорија.
Победата му нуди и можност да се бори за светската титула ВБА (Супер), односно со подобриот од мечот меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури, кој ќе се одржи на 21 декември во Саудиска Арабија.
Пулев доминираше во дуелот против Чар, а до триумфот стигна со едногласна одлука, а судиите ја бодуваа борбата со 117-111, 117-111 и 116-112 во корист на бугарскиот боксер.
Кубрат Пулев сега има професионален скор од 32 победи (14 со нокаут) и три порази во 35 борби.
Европскиот аматерски шампион од 2008 година беше во победничка серија во текот на изминатата година, победувајќи ги Полјакот Анджеј Ваврзик и Украинецот Ихор Шеваџуцки.
А за Махмуд Чар тоа е петти пораз во кариерата. Неговиот скор вклучува и 34 победи (20 со нокаут) во 39 борби.
40-годишниот Германец се врати во рингот за прв пат по речиси две години, а последната борба ја имаше на 21 декември 2022 година кога во втората рундаго победи Албанецот Нури Сефери.