Кубрат Пулев со сигурност ќе се бори против Антони Џошуа. Веста ја потврди британскиот менаџер Еди Херн за Скајс портс.
„Мечот ќе биде со Кубрат Пулев, кој е предизвикувач на ИБФ веќе 12 месеци. Тоа беше одлучено пред евентуалниот реванш со Кличко. Прашање е само дали ќе биде во Кардиф или Лас Вегас.
Веројатно ќе го решиме тоа до крајот на следната недела.
Во моментов, се чини дека на 28 октомври фаворит е Кардиф со стадионот Милениум. Но, се уште има многу работи што треба да се решат“, рече Херн.