По сензационалната промена во Правилникот на Меѓународната боксерска федерација за аматерски бокс може да го отвори патот кон олимпискиот ринг за професионалните боксери. Тие може да добијат зелено светло и да вкрстат ракавици уште во Рио. Информацијата беше пласирана од ББС, и ако се покаже точна, тоа засекогаш ќе го промени изгледот на Олимписките игри.
Прв професионален боксер кој рече „да“ на прашањето дали би настапил на претстојната Олимпијада е Кубрат Пулев од Бугарија, кој се бореше за титулата светски првак во тешка категорија со Владимир Кличко. Во моментов тој се подготвува на Белмекен за следниот дуел со Дерек Чисора на 7 мај во Хамбург, Германија.
„Зошто да не сум отворен за иновации. Има работи во животот кои никогаш не сме мислеле дека може да се случат. Може ли да замислите сега да станам олимписки шампион? Би било интересно да можат да се борат за такво нешто“, изјави Пулев.