Кубанците се посрамотија на роденденот на Фидел Кастро

Savon na Olimpijada

Две кубанските боксерски ѕвезди изненадувачки ги загубија своите мечеви на денот кога лидерската икона на островската држава Фидел Кастро го прослави својот 90 роденден.

Олимпискиот шампион од Лондон, Рони Иглесијас, беше совлада со судиски одлука од Шахрам Гијасов (Узбекистан), иако доминираше во поголем дел од средбата.

Уште поголемо изненадување беше поразот на Ерисланди Савон (91 кг). Кубанецот загуби од Васили Левит (Казахстан). Ова средбата беше од полуфиналето на турнирот. Савон ќе се задоволи со бронза, додека Казахстанецот ќе се бори за олимписката титула со Евгениј Тишченко (Русија). Леиниер Перо (+91) покажа импресивен бокс против Гвидо Вианело (Италија) и се пласираше во четвртфиналето.

Досега Кубанците имаат три порази на Олимпијадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON