Кубанскиот боксер Перо му ја посвети победата на Фидел Кастро

Lejnier Pero Kuba

Кубанскиот боксер во категоријата над 91 килограм, Лејниер Перо, победата на Олимписките игри во Рио де Жанеиро ја посвети на поранешниот државен лидер Фидел Кастро, кој завчера наполни 90 години.

„Сакам да му ги испратам моите поздрави на командантот. Треба да учиме да бидеме големи и затоа оваа победа сакам да ја посветам на него“, изјави 23-годишниот Перо по победата над Италијанецот Гвидо Вианело (Италија) на поени со сдусика одлука 3-0. Перо, шампион од Пан Американските игри во 2015 година, е еден од десетте кубански боксери кои учествуваат во Рио.

Куба има огромна традиција во овој спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON