Меѓу џиу-џицу инструкторите се крена голема прашина по веста дека еден млад човек кој живее во Остин, Тексас, доби син појас, а без да ги покаже во живо своите вештини, туку ги снимил и ги испратил до Универзитетот Грејси.
Голем број на џиу-џицу инструктори би рекле дека можеби е најтешко да се дојде до син појас. До него доаѓаат оние кои покажуваат мотивација и посветеност кон напредокот и дополнителното учење. Оној кој заслужил син појас, покажал дека сака да биде дел од џиу-џицу светот. Токму затоа на вестта како некој добил син појас без да излезе на татмито не е добро прифатен кај поклониците на оваа боречка вештина.
Меѓу нив е и Крон Грејси, сопственик на црн појас кој рече дека синиот појас мора да се заслужи на татамито.
„Срамен е начинот со кој се продава на џиу-џицуто. Срам ми е да кажам дека Рајнор и Ренар држат онлајн часови и Грејси појас да може да добиете преку интернет. Жал ми е што сето ова се случува. За жал, ништо не можам да направам. Јас не сум сопственик на светот и можам да го контролирам само она што го правам сам. Џиу-џицу е боречка вештина. Мора да оставите крв во салата, да работите со своите учители и така да го заслужете појасот“.