Речиси и да не постои ММА фан кој не би сакал да го види реваншот на легендарната пресметка кои ни ја понудија Мирко Филиповиќ и Федор Емилијаненко на 28 август 2005 година во Саита супер арена. Борба која таа година беше прогласена за најдобра, ден-денес се смета за една од најголемите во историјата на спортот, а враќањето на Кро Кап на борбите, како и самиот настап во Ризин, на многумина и ја разбуди имагинацијата.
Нешто во врска со потенцијалната средба на ММА великаните, кратко прокоментира хрватски борец во гостувањето на Нова ТВ.
„Не знам, тоа не е зависи од мене. Не сум размислувал, ниту имало каковбило разговор за возвратен меч со Федор. Теоретски е можно, треба да се провери како ќе издржам и ќе поминам на овој турнир. Клучно е тоа да правам она што ме прави среќен и тоа е најважно“, изјави Филиповиќ.
Ќе бидеме сведоци на новиот настап на Кро Кап на 25 септември. Кој ќе му биде противник, во овој момент се уште не е познато.