Уште вчера пренесовме дека Мирко Филиповиќ е во болница, а веќе добивме и потврда за тоа.
Над легендарниот Кро Кап во Специјалната болница „Свети Кетрина“ успешно е изведен оперативен зафат на коленото кое го мачи добар дел од неговата кариера, а со кое имаше проблеми во текот на последните подготовки за турнирот на Ризин кој го освои на самиот крај на минатата година.
Сега, кога се помина според планот, Мирко повторно и се јави на фановите на Фејсбук и подетално објасни за што сатнува збор и како поминала неговата седма операција кај д-р Дамир Худец.
„Драги пријатели, вчера во Специјалната болница Света Кетрина успешно е изведена операција на коленото. Д-р Худец примене најнов метод што кој се користи во ортопедијата и кој се врши само во Св. Катерина, т.н.. „Lipogems“,односно ми се аплицирани моите матични клетки (што и да значи тоа, бидејќи 99,9% од вас, ниту јас, немам поимј што е тоа и како точно делува), а која дава одлични резултати.
Проблемот беше што тие матични клетки се земаа од масно ткиво од стомакот, а кој јас го немав доволно, па беше повлечи-потегни, но некако легендарниот д-р Худец (мојот голем пријател и кралот на ортопедија) успеа да извлече доволно за да звршиме се. Ова на д-р Худец му беше 7 операција на мене (нога, рака и коленото 5 пати). Падна договор десетата да ја крунисаме со некое кумство. Инаку, д-р Худец е овој убав лик од мојата лева страна, а од десната страна е д-р Приморац“!