Мирко Филиповиќ (46) воодушевува со својата одлична форма. Поранешниот ММА борец ја заврши кариерата пред две години, но никој не може да му ја одземе желбата да оди во теретана.
Тешко дека ќе пропушти нeкаков тренинг или вежба, за што сведочат и фотографиите и снимките што Кро Кaп често ги објавува на својот Фејсбук или Инстаграм.
Мирко имаше пукнати предни вкрстени лигаменти на левото колено пред нешто повеќе од три години.
Тоа се случи во пресрет на реваншот против Рој Нелсон на Белатор. Беше опериран во Специјалната болница „Св. Катарина“ во Забок, опреација која траеше неколку часа.
Кро Кап во постот на Инстаграм покажа како изгледал во јуни 2018 година по операцијата и сега, три години подоцна.
Тој едноставно не можеше да го постигне тоа без редовен тренинг, и им порача на навивачите: „Сè е може кога се сака“.
Мирко често објавува мотивациски пораки, па минатата година во еден пост рече:
„Тренирајте и спортувајте каковбило спорт! Физичката неактивност е скапа и доведува до влошување на телото и умот! Затоа, спортувај – и без извинување, барем половина час за себе и своето здравје секогаш се наоѓа“!