Мирко Филиповиќ на крајот од годината во легендарната сала во Токио Саитама супер арена го совлада Јапонецот Цујоши Косака. На Кро Кап му требаа само минута и две секунди да го прегази јапонскиот ветеран и да го испрати буквално во болница. Тоа беше уште еден настап во стилот на Филиповиќ откако се приклучи на Ризин во 2016 година – целосно демолирање на противникот од почетниот удар во гонгот додека судијата не е го сопре.
Оваа победа за Филиповиќ е значајна и од еден друг агол – оној статистичкиот. Всушност, со оваа победа Кро Кап ја протегна својата победничката низа на осум последователни борби, што му е најдолга победничка серија во ММА кариерата воопшто. Седум последователни победи, всушност, имаше во периодот меѓу 2004 и 2005 година, кога ги нанижа Канехара, Ојама, Емилијаненко (Александар), Барнет, Рандлмен, Колман и Магомедов. Таа неверојатна низа успеа да ја сопре Федор Емелијаненко на Прајд конфликт во 2005 година во мечот за појасот на Прајд во тешка категорија. Овој пат Филиповиќ по победата во финалето за Големата награда на Ризин против Амир Алиакбари минатата година, успеа да ја продолжи и против Косака и сега е на осум последователни победи.
Уште поимпресивно звучи податокот дека сите борби ги добил со прекин. Всушност, до последните три победи стигна со нокаут во првата рунда, за што, комбинирано, му требаа помалку од четири минути на борилиштето. Ако малку внимателно ја проучите победничката статистика на Филиповиќ, тогаш доаѓате до податокот дека Кро Кап последен пат со одлука на судиите славел во 2005 година кога го победи Џош Барнет на Прајд 30. Оттогаш нанижа дури 19 победи сп прекин од кои 17 се со нокаут, а двајца ги принуди да се предадат.
Ако ве интересира кога Мирко последен пат загубил, тогаш треба да се вратиме назад до 2013 година, кога со прекин во првата рунда го победи сега успешниот УФЦ-овец Олексеј Олејник на настанот Легенда во Москва. Потоа Филиповиќ на сите настапи го победи Сатоши Иши, се врати во УФЦ и го демолира Габриел Гонзага, а потоа следи многу успешната епизода во Ризин.
Според она што го откри на медиумите, следат уште два настапи во јапонската промоција во 2018 година, а потоа биј требало да замине во конечна пензија. Неговиот сегашен професионален „скор“ во слободните борби застана на 36 победи, 11 порази и 2 нерешени меча.
Освен УФЦ предизвикувачот во тешка категорија Френсис Нагну, кој за пораз не знае во десет мечеви, тешко да се стетите од глава на некој ММА борец од светска класа кој во моментов има толку долга победничка низа како легендарниот хрватски борец.
И тоа на 44-годишна возраст …