Кро Кап: Постои за уште една борба во Белатор, а да можам би се борел уште десет години (ВИДЕО

Мирко Филиповиќ направи одлично и искрено интервју за Вечерњи лист, каде што истакна голем број на интересни приказни, размислување и очекувања. Се разбира, во преден план беше она што следи оваа година во смисла на неговата боречка кариера.

Сите беа изненадени кога дознаа дека Филиповиќ ќе настапи на Белатор 200, каде што ќе се сретне со Рој Нелсон. Тој открива како всушност целосно бил посветен на првобитниот план за борба во Ризин, но по игра на случајот дошло до тоа да се појави оваа можност, а водството на јапонската промоција немала ништо против тоа и дека нивната, веројатно, најголема ѕвезда ќе го искористи тоа. Така, Филиповиќ го чека веројатно многу поголем предизвик отколку што јапонската промоција можеше да понуди нешто од имињата на својата листа, но знаеме дека тој од вистинските противници никогаш бегал. Особено ако тоа е некој кој му нанел тежок пораз, а сега има можност да му се реваншира.

„Ризин не можеше да ми понуди соодветен противник за настанот што го одржува во мај, а во меѓувреме ми се јави претседателот на Белатор, Скот Кокер, кој ми го понуди Рој Нелсон и настап на нивниот 200 настан. Прават спектакли и тоа ќе биде најголемиот настан досега. Ме привлече тој спортски мотив, сакам да бидам сосема здрав и да му се реванширам. Чувствувам дека не бев подготвен за првата борба и сега ситуацијата ќе биде поинаква. Сакам да се обидам, Рој Нелсон е голем борец, цврст борец, на сите и зададе големи главоболки и губеше само од најголемите. Тоа е нешто што не можев да го одбијам и да се вклопува во мојот план што го имам со Ризин“, откри Кро Кап.

Целото интервју може да го видите ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON