Гилотината не делува на Кро Кап…
Мирко Филиповиќ пак ги воодушеви сите негови фанови со нова објава на социјалните мрежи.
Легендарниот Кро Кап на тренингот со својот ученик и тимски колега Сатоши Иши демонстрираше завидна сила и форма. Јапонскиот тешкаш го фати околу главата 44-годишен хрватски борец, а Кро Кап потоа без рака потпирајќи на силата на својот врат го подигна од земја.
„Моќен врат е неопходен за боречките вештини! Многумина сепак го запоставуваат“, напиша Кро Кап со видеото.
На крајот на септември на Ризин 13 Филиповиќ ја запиша деветата последователна победа совладувајќи го Роке Мартинез со технички нокаут во првата рунда. Неговото враќање во рингот се очекува на 29 декември, кога јапонската промоција го прави својот новогодишен настан во Саитама супер арена.
https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/videos/2230596510310499/
.