Мирко Филиповиќ освојувањето по Големата награда на Ризин изјави дека подготовките за тој турнир му биле најтешките во неговиот живот.
По победата над Амир Алиакбари во финалето, 42-годишниот борец рече дека повеќе нема да се бори, но остави можност да направи проштална борба. На јавноста и откри дека има проблеми со коленото.
На својот Фејсбук профил објави дека оди на операција.
„Еве наоди од магнетна резонанца … со колено во ваква состојба многумина не би се бореле и на плејстејшн, а камо ли да одработат завршни крвави подготовки од 8 недели и отидат во Јапонија на турнир! Но да е лесно – мене не би ме снашло. . сега под нож кај докторот Худец“!