Кро Кап одговара на прашањата за враќање за милион долари, тренерската кариера, прошталната борба…(ВИДЕО)

Прогласувањето на Федор Емилијаненко за најголем, како и осврт на потенцијалната средба Флојд Мејведер Јуниор и Конор Мек Грегор, само се дел од занимливостите за кои Мирко Филиповиќ зборуваше во емисијата „Пресинг“ на Петар Штефаниќ на Н1 телевизија.

Веќе е познат работа дека Кор Кап по прашањето за враќањето на борилиштата го интересира исклучиво организацијата на неговиот прошатлен меч, а сега уште еднаш потврди дека истиот би се одржал во Јапонија, но овој пат понуди и конкретен датум.

„Имам намера да направам една проштална борба. Веројатно за следната Нова година и тоа би сакал да се направи во Јапонија, на Ризин. Дефинитивно во Јапонија, мојата втора татковина и држава, каде што ја направив и започнав мојата кариера“.

Освен прошталната борбата, кој е сосема изгледна, Мирко го прашаа и дали од оваа позиција би се вртаил назад за еден милион долари?

„Значи, сега ми понудија и повеќе, но не сакав. Монетално не сум во состојба за борба“, му откри Филиповиќ на новинарот.

За темите кои вклучуваат политика, тренерската кариера, односот со другите борци, ММА како олимписки спорт, … слушнете во видеото кое ви го пренесуваме во продолжението на овој текст.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON