Кро Кап објави видео од омилениот тренинг и воодушеви со одговорот на еден коментар (ВИДЕО)

Хрватската легенда на боречките вештини, 49-годишниот Мирко Филиповиќ е во одлична форма, а доказ за тоа се снимките од тренинзите кои често ги објавува на социјалните мрежи.

Кро Кап се повлече од боречките вештини во март 2019 година откако претрпе мозочен удар. Само неколку недели претходно, тој ја имаше својата последна борба на Белатор 216 кога со едногласна одлука го победи Рој Нелсон.

Иако престана да се бори, Мирко тренира секој ден и се одржува во својата теретана. Овој пат тој со своите фанови сподели видео од омилениот тренинг.

„Ова е мојот омилен тренинг. 2 влечења, 4 маринци, 6 влечења, 8 склекови со кетлбел и 10 скокови со клекнувања. И тоа е еден круг кој трае околу 50 секунди. Правам 15 рунди и целта е да ги направам под 15 минути. Мојот најдобар резултат е 14:22.

Целта е да се направат што повеќе кола без пауза, во времето кога го направив резултатот 14:22 успеав да направам 9 кола без пауза. После тоа, пауза од 15-20 секунди меѓу рунди …

Кој сака да проба нека почне со 5 рунди, а кога ќе успее да ги направи под 5 минути нека зголеми на 7 па на 10 и на крај 15. А ако успееш да направиш 15 круга под 15 минути тогаш си во топ форма“, напиша Мирко Филиповиќ во описот.

Кро Кап доби повеќе од 12.000 лајкови и многу пофалби од фановите, а еден од нив остави коментар во кој вели дека треба да го зголеми својот тренинг:

„Ова се прави во седмо одделение за А… Можеш и мораш да го засилиш, Мирко, за да не изгледаш смешно“.

На тој коментар Мирко одговори:

„Можно е, но ако специјалците на САС одат во тоа седмо одделение“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON