Мирко Филиповиќ одлучи на својот профил на Фејсбук да објави 24 години стара фотографија, на која тој и неговиот пријател се наоѓаат во неговата прва „сала“, односно таму од каде што тргна неговата ѕвездена кариера.
Кро Кап обично сака да се потсетува на настаните од неговата Привлака, каде што секое лето радо се врача на „одмор“ и каде што секогаш наоѓа време за своите пријатели. Така за еден пријател и настан се потсети со фотографијата што ја објави на Фејсбук. На неа го гледаме Мирко како „добива“ колено во главата, додека зад него се наоѓаат боксерска вреќа и крушка. Секако, интересен е детал кој го има пријателот на Мирко, Хрвоје Сукиќ, го држи во левата рака.
Што се однесува до „салата“ во која е направена фотографијата, станува збор за импровизирана сала во шупа, која Мирко сам си ја средил за да тренира. И тука уште еднаш можеме да видиме како не постојат лоши услови што може да ве спречат во нешто, особено ако тоа навистина го сакаш и имаш желба за успех.
На оваа слика Мирко Филиповиќ има 19 години, но лесно се препознава насмевката.
https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/posts/1705044512873572
.