Легендарниот хрватски борец Мирко Филиповиќ во четврток навечер реши да помине извесно време со своите фанови, одговарајќи на бројни прашања на преку Фејсбук.
Имаше приказни за тимот на Кро Коп, Стипе Миочиќ, Роберт Солдиќ, Конор Мек Грегор … И некои од најинтересните одговори ги издвоивме.
За Стипе Миочиќ:
„Миочиќ е прекрасен човек. Така е скромен и е вистински шампион. Неговата скромност го чинеше во ова УФЦ. Најпопуларните луѓе се оние кои прават циркус како Мек Грегор. Стипе не е таков, тој е нормален човек”, рече Филиповиќ. па подоцна се осврна и на Мек Грегор:
„Него би го претепал со литар Шток во мене, без проблем. Не ми се допаѓа тоа закравување. Приземен е неговиот валкан говор, иако го почитувам тоа како се проби од сиромаштија и каква приказна направи”.
Некој посочи дека Мирко и Роберто Солдиќ веќе не се пријатели на Фејсбук. Кро Кап тврди дека не е во судир со талентираниот хрватски борец и шампион на КСВ во велтер категоријата и објасни како дошло до моменталната состојба.
„Врвен борец е кој може да направи одлична кариера. Не сум во расправија со него. Го сретнав еднаш во животот. Ми пријде во лИнц да се сликаме. Не сме во конфликт. Ќе ви го кажам ова – Тој ба ФБ ми беше пријател и влезе во судир со едно момче од Словенија и почнаа да се прозиваат на вулгарен начин. Непремиерен речникот на еден иден шампион.Имаше пцување на мајката … Го избришав од списокот на мои пријатели, затоа што не можев постојано да го гледам неговото препирање на насловната страна. Пред него е долг пат и му посакувам се најдобро“.
Повеќе од два часа Мирко разговораше со навивачите, Мирко откри и дека за него Кро Кап тимот не постои и дека тој пред се е таму за да им помогне на своите пријатели – Анти Делија и Сатоши Ишии. Филиповиќ исто така им порача на своите фанови да се пазат од коронавирусот, а уште еднаш потврди дека веќе нема да се бори.