Кро Кап ја откри тајната на неговиот убиствен „хај кик“, погледнете корисна лекција од салата на Мирко (ВИДЕО)

Левиот „хај кик“ (висок удар) на Мирко Филиповиќ е едне од најславните удари во боречкиот спорт, а тајната која зад него се крие ја откри самиот Кро Кап преку едно од неговите многубројни едукативни видеа.

Легендарниот Кро Кап го демонстрираше својот убиствен потег и патем на сите им објасни како можат правилно да го направат.

За нешто повеќе од две минути, пензионираниот хрватски борец споделува неколку корисни совети за секој што сака да ја научи оваа атрактивна боречка техника.

„Не можете да стоите премногу на петите“, почна Мирко и потоа укажа на некои од најчестите грешки, но и демонстрираше неколку различни техники за изведување на „хај кикот“.

Како изгледаше тоа, најдобро е да погледнете сами во  продожение на текстот.

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/videos/229120074937839/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON