Мирко Филиповиќ го слави 41 роденден. Кро Кап ќе има малку време за прослав, бидејќи моментално времето во Сеул го поминува работно, каде што престојува за промоцијата на првата историското УФЦ во таа земја. На УФЦ Фајт најт 79 настанот ќе се бори против Американецот Ентони Хамилтон.
Посебно изненадување на Кро Кап му приредија неговите фанови во Кореја, кои го изненадија со торта, која е дизајнирана според неговиот лик и дело. Тортата ја красеше натписот на англиски јазик „Среќен роденден Кро Кап“, а еден навивач му пееше пригодна песна.
Погледнете: