Кристијано Роналдо ќе ја гелда борбата Пол-Фјури од првиот ред

Петкратниот добитник на „Златната топка“ Кристијано Роналдо ќе го следи од првиот ред вечерашниот боксерски меч меѓу Џејк Пол и Томи Фјури.

Ова го откри познатиот новинар Пирс Морган кој е во добри односи со фудбалската мегаѕвезда.

„Кристијано Роналдо штотуку ме извести дека ќе присуствува на борбата. И тој мисли дека борбата ќе биде одлична. Многу луѓе мислат така, вклучително и ние“, рече Морган по интервјуто со Пол во емисијата „Нецензурирана“ на ТокТВ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Piers Morgan (@piersmorgan)

Борбата помеѓу Пол и Томи Фјури ќе се одржи во Саудиска Арабија. Роналдо од почетокот на годината настапува за локалниот Ал Насер. Не е тајна дека Кристијано е голем љубител на боречките спортови, а кикбоксерот Бадр Хари е меѓу неговите најдобри пријатели.

Роналдо неодамна се сретна со поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану, а пред неколку години спарингуваше со Конор Мек Грегор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON