Нашиот мулти талентиран спортист за боречки спортови, Кристијан Воденски, се најде убедливо на првото место на ранг листата за кикбоксери во дисциплината лајт контакт во Германија.
Воденски е рангиран за деца до 12 години во категоријата до 25 килограми. Инаку, тој настапува во Гереманија, каде што работи и живее неговиот татко и тренер, Ване Воденски, а настапува под знамето на Македонија.
Ова е уште едно признание за големиот талент по оние на големите турнири како во Париз, Монако и во Греманија.
Неговиот талент беше согледан и од повеќе реномирани списанија како Ролин стоун и интернет изданието на М-1 Глобал, а и од големата ѕвезда на ММА, Федор Емилјаненко.
ipon.mk/В.Д.