Мултиталентираниот Кристијан Воденски кој во преодниот рок за борачи потпиша за Балканец и на 24 март за прв доаѓа во новиот клуб, каде што ќе остане на подготовки до 31 март. Ова значи и комплетно ставање на располагање на стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија.
Воденски живее во Германија каде што настапува во повеќе боречки спортови, а завчера на Изборното првенство не настапи поради помала килажа.
Неговиот татко и тренер, Ване Воденски, вели дека популарниот Кико доаѓа во Штип за да види на кое ниво се децата и како се тренира во Македонија, односно како функционира борењето, бидејќи до сега се нема натпреварувано во нашата земја.
„Едно е да видиме дали можеме да помогнеме, бидејќи во Германија има многу успешни борачи од целиот свет, а и да научиме нешто ново, зашто доаѓаме во клуб со голема традиција и богато минато“, истакнува Ване.
Ipon.mk