Кристијан Воденски и денеска ја потврди доминатната позиција во боречите вештини во Греманија освојувајќи две први места.
На Западногерманското првенство во бразилско џиу џицу во „но ги“ во категоријата до 31, 8 килограми и во „ги“ до 33, 3 кг без проблем ги освои златните медали.
Неговиот тренер и татко, Ване Воденски, поставува нови предизвици пред талентираниот Кристијан, кој ги има совоено сите турнири на WFMC, NAGA, IBJJF, но речиси и да нема достоен противник. Следната недела треба да се бори на Германскиот отворен шампионат во кикбокс, каде што е шампион, а во јули ќе настапи голем турнир во борење. Како што вели тој „во целиот свет, постојат можеби 2 или 3 деца кои се толку талентирани“, па затоа во декември сакат да одат на ММА турнир за деца во Русија, но претходно треба да ја средат потребната документција, бидејќи престојот во Руската Федерација би бил нелегален.
Ipon.mk/В.Д.