Кристијан Воденски и денес беше во форма и не дозволи изненадување на Германија опен на ВФМЦ (WFМC) во Диленбург го освои првото место во кик бокс во дисциплината лајт-кик за деца во категоријата до 25 килограми, а првото место му припадна и во граплинг, со забелешка дека противниците не сакаа да му зилезат на борба, иако беа пријавени.
Сепак, во лајт-кик тој најпрво го победи Рене Емшпергер, а потоа и Тајсен Остер.
Воденски денес одеше на три од три, но дисциплина семи-контакт во кик бокс, воопшто не се закажа денес.
Воденски, неспорно е дека е талентиран и дека ги сака боречките вештини, но веќе се соочува со друг проблем-се почесто противниците му бегаат од мегдан, што на некој начин не е добро за неговата форма и развој.
Сепак, тој со нестрпление чека да наполни 10 години, за да се испроба и во боксот.