Кристијан Стојковски во сабота против Стјуарт во родниот град на Мухамед Али

Кристијан Стојковски во сабота има нова борба во аматерски бокс, овој пат во родниот град на славниот Мухамед Али, Луисвил Кентаки. Стојковски и Кристион Стјуарт го предводат настанот Сатадеј фајт најтс.

Кристијан Стојковски (15 год.) на 31 октомври извојува победа на настанот Фајт ту јунит чемпионшип боксинг и го освои трофејот на организацијата. Стојковски славеше 3-0 против Дарион Вилијамс од Кливленд. Така, Стојковски е во низа од 11 победи.

Претходно во аввгуст го освои турнирот „Ризинг старс“ во категорија до 66 килограми во Хилиард, Охајо, САД, притоа експресно ја доби финалната борба со ТКО за 30 секунди, а која му беше 10-та победа на овој турнир кој се одржува еднаш или два пати годишно под мотото „Разни ракавици наместо пиштоли – Турнир на ѕведите во подем“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON