Кристијан Стојковски со нова победа и шампионски трофеј во САД (ФОТО)

Во раните утрински часови Кристијан Стојковски (15 год) извојува уште една победа во САД на настанот Фајт ту јунит чемпионшип боксинг почнува и го освои трофејот за неговата возраст.

Стојковски славеше на поени 3-0 против Дарион Вилијамс од Кливленд. Притоа три пати му леташе штитникот за заби на противникот, а судијата двапати му броеше.

„Кристијан во рингот влезе со македонски шал и македонска песна. На крајот, беше прогласен како победник од Македонија“, вели неговиот татко Роберт Стојковски.

Засега Стојковски не знае за пораз. На август го освои турнирот „Ризинг старс“во аматерски бокс во категорија до 66 килограми во Хилиард, Охајо, САД, каде што експресно ја доби финалната борб со ТКО за 30 секунди, а која му беше 10-та победа на овој турнир кој се одржува еднаш или два пати годишно под мотото „Разни ракавици наместо пиштоли – Турнир на ѕведите во подем“.

Стојковски во низа има 11 победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON