Кристијан Андреевски: Една е целта, боксот да биде национален спорт број еден во Македонија!

Со престедателот на Националната боксерска федерација на Македонија, Кристијан Андреевски, разговаравме на повеќе теми, при што тој се осврна на она што следува во оваа сезона, како ангажирањето на странски стручен кадар, промена на правилата за настапите во Првата и Младинската бокс лига, за судискиот кадар, турнирите, за Светски бокс и ИБА.

Во новогодишното обраќање оценивте дека 2024 година е успешна за македонскиот бокс. Какви се плановите за оваа година? Дали во оваа година може да очекуваме поголеми резултати?

-Се надевам дека и Вие го делите истото мислење, посебно поради тоа што сте во боксот присутни и го знаете овој спорт подолг период, не следевте внимателно во изминатата година и бевте дел од нас, дадовте огромна подршка на нашата федерација, за што сум неизмерно благодарен и се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и во наредната година.Плановите и целите за 2025 година се многу високи, но секако имаме насока и правец кој го имаме зацртано и ќе продолжиме. Секако дека оваа година треба да имаме далеку подобри резултати од изминатата 2024 година каде имавме краток период од само три месеци.

На што ќе се фокусира Боксерската федерација во 2025 година, па и понатаму?

-Во 2025 година и фокусот ќе биде на промоцијата и подигнување на нивото на боксот како спорт, не само кај нас туку и поширокор, преку организирање на  семинари за боксерските клубовите, кое што ќе го работиме во соработка со Факултетот за физичка култура. Секој момент го очекуваме и доаѓањето на кубанскиот професор и тренер Еулис Деспањ, кој ќе помогне во делот на стручното доквалификување на нашате боксерска школа. Вториот дел од планот се судиска организација, оваа година ќе организиравме академија за нови судии кои што, но и ќе продолжи и во наредните години со отворени огласи за нови судии, под услов секако да поседуваат карактеристки кои ќе се темелат на бараниот квалитет. За актуелните судии договоривме доквалификација и веќе во февруари двајца наши судии ќе заминат на полагање за трета ИБА ѕвезда во Романија, и тоа Фросина Манева и Стефан Цубалевски. На Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, кој од оваа година и официјално е дел од календарот на ЕУБЦ, ќе организираме полагање за прва ѕвезда преку ИБА.

Заврши Првата и Младинска бокс лига со две кола помлаку од предвидените. Како што можеше да се забележи во боксерските кругови се заговараат промени за новата сезона кои треба да го подобрат квалитетот на Лигата. За какви промени станува збор?

Има повеќе предвидени промени во националните лиги, од кои едните се во  организација на колата, односно во системот на пријавување на боксерите, во организацијата на водење на самото коло. Тука мислам на делот околу рингот и луѓето кои ќе бидат ангажирани. Вторите измени се во бодовниот систем, кој од оваа година ќе се води електронски, како на судењето на колото така и на водењето на билтенот. И има уште неколку измени во самото бодување на боксерите кое го приспособивме на меѓународниот систем на бодување. Од оваа сите натпреварувачки кола ќе можат да се следат и во живо, на линк кој ќе биде објавуван на страните на социјалните мрежи на НБФ. Сигурен сум дека со веќе споменатите наведени измени ќе се подобри квалитетот на домашната лига, кога е во прашање боксот.

Колку кола ќе има во новата сезона на Првата и Младинската бокс лига?

-Ќе има 6+2 колам, и, секако, да не го заборавиме и поединечното Државно првенство во бокс во сите возрасни и тежински категории.

Дали годинава во Македонија ќе се одржи и друго големо натпреварување покрај Златниот гонг?

-Да. Како што истакнав погорем, турнирот „Мирослав Петровиќ“ е влезен во календарот на ЕУБЦ за 2025 година, како и „Златниот гонг“. Идејата е да имаме повеќе силни меѓународни натоправари. Го возобновивме „Битолски победник“ кој ќе се одржи оваа година, а со сигурност и понатаму. Секако дека ќе продолжи „Јордан Мијалков“ во Штип, „Алексо Огненовски“ во Охрид и „Ноќта на шампиони“. Сигурно ќе има и други турнири, притоа идејата е да имаме што повеќе меѓународни турнири кај нас, за да може да ги калиме нашите боксери тука, односно да стекнуваат искуство со боксирање со различни противници.

За подобрување на квалитетот на македонскиот бокс највавивте соработка со други федерации од регинот. Каква ќе биде таа соработка?

-Ја најавивме и ја остваривме. Со Српскиот боксерски сојуз соработуваме одлично. Заедно го организираме Опен Балкан и учествувавме на заеднички подготовки, а тоа ќе продолжи и во иднина. Со бугарската репрезентација заедно започнуваме со подготовки во Софија од 10 февруари, како подготовка за реномираниот меѓународен боксерски турнир со голема традиција „Странџата“.  Со останатите федерации, тука мислам на босанската, албанската, хрватската, романската и австриската, имамае договар за заемно учество на турнирите.

Може ли да очекуваме тренери од странство?

Да како што кажав погоре, ексклузивно овде го најавив со име и презиме  доаѓањето на тренерот од Куба.

Меѓународниот Олимписки Комитет ја одзеде организацијата на олмписките квалификации на ИБА и сега бара друга репрезентативна организација која ќе биде дел од олимпиското семејство, а најблиску до тоа е Светски бокс. Впрочем, од регионот Хравтска веќе пристапи на оваа организација, а, од друга страна, ИБА донесе одлука за двојно членство.

Како ќе постапува НБФ по ова прашање?

-Ние како федерација сакаме да соработуваме со сите меѓународни организации кои се поврзани со боксот, посебно кога нема правни ограничувања. Секојдневно ги пратиме случувањата и известувањата на ИОК..

Наши боксери настапуваа во регионалните натпреварувања Опен Балкан куп и Регионалната бокс лига. Дали и во оваа година ќе продолжат со настапите или ќе има некои промени?

-Да, секако дека ќе продолжиме, целта ни е да обезбедиме што повеќе борби на нашите боксери.

 Кои се Вашите цели како претседател?

-Една е целта, а тоа е да го вратиме боксот да биде национален спорт број еден во Македонија во наредните години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО