Од спортскиот канал ЕСПН објавија дека шампионот во средна категорија на УФЦ, Крис Вајдман, ќе ја брани титулата против Лук Рокхолд на УФЦ 194. Веста е потврдена и од самата организација.
Борбата ќе биде подглавен настан пред мечот меѓу Конор Мек Грегор и Хозе Алдо кои ќе се борат за титулата во перо категорија. УФЦ 194 ќе се одржи на 12 декември во Лас Вегас.
Не чека голем настан, под услов да нема повреди.