Крис Јубенк за прекумерна тежина од 22 грама ќе мора да плати 600.000 долари

Британскиот боксер Крис Јубенк мора да плати казна од 600.000 долари. Во сабота навечер на стадионот на Тотенхем во Лондон ќе се одржи спектакуларен боксерски настан.

Главната борба е дуелот меѓу Крис Јубенк Јуниор (син на поранешниот боксер Крис Јубенк) и сонародникот Конор Бен во полусредна категорија.

Договорената тежина за тој меч е максимални 72,57 килограми, а Јубенк беше потежок од тоа, па не го мина првото мерење.

Бидејќи Јубенк не го помина и второто мерење, а го надмина лимитот за 22 грама, ќе треба да плати казна од околу 600.000 долари или 475.000 фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON