Крис Јубенк Јуниор откри кога би можел да договори меч против Канело Алварез

Британецот Крис Јубеанк Јуниор верува дека во мај следната година би можел да организира мега борба против Канело Алварез.

Имено, 34-годишниот Крис се надева дека Мексиканецот пред да се пензионира сака барем еднаш да се бори во Велика Британија.

Јубенк смета дека мечот против Канело, кој на 14 септември боксира против Едгар Берланга, би можел да привлече многу фанови.

„Може да биде во мај следната година. Разговаравме со него и неговиот тим за неговата следна борба, но сè уште ништо конкретно не е договорено“, изјави Крис Јубенк Јуниор и додаде:

„Една година сум надвор од рингот и тоа не е борба што само така би ја земал. Не сакам да организирам меч за хонорар како многу други борци, сакам да боксирам против најдобрите и да победувам“.

Британскиот боксер истакнува дека се потребни добри подготовки за борбата со Канело. Неговиот последен меч беше во септември минатата година кога со прекин во десетата рунда го совлада Лијам Смит.

„Ме очекуваат сериозни подготовки и тежок камп, а потоа ќе одам на најголемата борба во светот на боксот во моментов. Во следните шест месеци ќе ми треба некоја активност за да бидам подготвен за тој човек во мај“, изјави Крис Јубенк Јуниор. и додаде:

„Има само неколку момци со кои Канело може да се бори. Не го интересираат борците што ги сака јавноста. На списокот на Канело има само неколку имиња и затоа не треба да брзам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON