Поранешниот кандидат за титулата во бокс во тешка категорија, Крис Ареола, се огласи по тешкиот пораз од шампионот Дионтеј Вајлдер.
„ Дионтеј Вајлдер ми го исшутира задникот. Немам никакви оправдувања. Тој е одличен борец. Чувствувам голема почит кон него и неговиот тим. Навистина се потрудив, но не бев доволно добар“.
Тие се сретнаа викендов во Бирмингем, САД, а дуелот заврши во осмата рунда со победа на Дионтеј Вајлдер.