„Крејзи хорс“ потпиша за Ризин

krazy-horse charls benet

Чарлс Бенет (29-30-2) се врати во Јапонија.

36-годишниот Американец, кој се бореше од 1999 година потпиша договор со Ризин за две борби.

Прв противник ќе му биде Ерсон Јамамото кој во своето деби е поразен од Крон Грејси. Станува збор кадетскиот светски шампион во борење од 2013 година и внук на Норифуми „Кид“ Јамамото.

Иако не врвен резултат, „Крејзи хорс“ за време на многуте години во спортот ја стекна почитта на боречката публика, а привлекува внимание и со неконвенционалното однесување.

По три години пауза, во периодот 2012-2015 направи пет борби. Тој има три победи (две со хил кук и една со нокаут) и два порази (и двата со судски одлуки, еден со поделена). Во последната борба во мај за 43 секунди со сабмишн го заврши поранешниот борец на Прајд и УФЦ Паул Родригез (02.09.10).

Во Јапонија не се борел од 2006 година.

https://youtu.be/nZFpBG0CETo

https://youtu.be/hRxDGYcqg34

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON