Крафорд со нокаут го обедини сите четири светски титули (ВИДЕО)

Теренс Крафорд (32-0, 23 КО) со победата во Линколн во американската држава Небраска влезе во историјата.

29-годишниот Американец со нокаут во третата рунда против Јулиус Индонг (22-1, 11 КО) на ВБЦ и ВБО ги додаде и појасите на ИБФ и ВБА, а за прв пат во повеќе од една деценија стана боксер кој е неоспорен владетел во неговата категорија. Последниот беше Џермејн Тејлор во средната категорија.

„Појасите се важни. Јас сум единствениот кој може да се нарече шампион на 63,5 килограми“, рече Крафорд, кој им се придружи на Бернард Хопкинс и Тејлор како единствен боксер кој истовремено ги држел титулите на четирите најсилни федерации. Крафорд во овој меч се бореше од контрагард, како и неговиот противник.

Крафорд го заврши Намибиецот со удар во телото, а го рушеше во втората рунда.

https://youtu.be/FG55PDY0Ggc

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON