Крафорд сака меч против Канело: Секогаш верувам дека можам да победам во секоја борба

Непоразениот Теренс Крафорд (41-0, 31 КО) моментално е еден од најдобрите боксери во светот, а статусот на светската сцена го потврди во август кога го совлада Израел Мадримов во мечот за титулата на ВБА во супервелтер категорија.

Големиот американски борец често го поврзуваат со големи противници, а еден од нив е и мексиканската ѕвезда Канело Алварез. Во едно неодамнешно интервју, познатиот боксерски коментатор Карл Фроч го праша Бад дали ќе се бори со Канело.

„Се разбира“, рече Теренс Крафорд, а потоа објасни:

„Секогаш верувам дека можам да победам во секоја борба. Канело е голем и силен борец, иден члем Куќата на славните“.

Бад откри и што го мотивира секој пат кога ќе влезе во рингот.

„Сите се бориме нешто да оставиме во наследство и секогаш да зборуваме за тоа. И кога ќе влеземе во рингот, од нас се бараат одговори“, рече Теренс Крафорд и подвлече:

„Не сакам да влезам во сала и да речам ‘сега одам да боксирам’, а потоа да застанам пред рингот и тоа е тоа. Јас сум борец кој постојано се прилагодува. Во текот на мојата кариера го направив она што е потребно за да ја завршам работата во која сум добар“.

Одговарајќи на уште неколку прашања на Фроч, Крафорд изјави дека негов омилен борец на сите времиња е Рој Џонс, а Мухамед Али е најголемиот боксер во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО