Теренс Крафорд во неговиот следен меч ќе се соочи со Мани Пакијао или Ерол Спенс Јуниор, вели промоторот Боб Арум.
Шефот на „Топ ранг“ рече дека ова се опциите за неговиот клиент по мечот со Кел Брук следната недела.
„Следниот меч ќе биде, колку што зависи од мене, без никаква врева, против Пакијао или Спенс. Ако се случи ова, тоа ќе биде од корист за сите. Не мислам дека Ал Хајман ќе сака сам да ја плати сметката доколку вработените побараат некакви гаранции. Затоа што ќе изгуби многу пари ако не успеат работите. И, така ќе бидеме партнери “, изјави Арум за ЕСПН.
На 14 ноември Крафорд (36-0) ќе го брани појасот во полутешка категорија, ВБО верзија, против Кел Брук (39-2) во Лас Вегас.