Крадци ја ограбиле куќата на Вера додека се борел на УФЦ 299

Марлон Вера минатиот викенд нема да го смета за успех ниту во ММА, ниту во животот.

„Чито“ загуби од Шон О’Мeли на УФЦ 299 и додека беше отсутен од дома крадци го ограбиле. Вера не успеа да ја освои титулата во бантам категорија. Сепак, ова не е единствената грижа на Вера.

Тој на социјалните мрежи објави дека за време на отсуството му била ограбена куќата. Интересно, слична ситуација во минатото имаше и со Сирил Гане, чија куќа беше ограбена додека се бореше со Сергеј Спивак во Париз.

Очигледно, крадците се љубители на ММА и добро го знаат распоредот на борците.

„Упаднаа во куќата и не ограбија. Ни зедоа работи што сме ги купиле со наши тешко заработени пари. Но, се случува, вистината ќе излезе на виделина. Ќе го најдам овој ебан шупак кој ми упадна дома”, напиша Вера.

Поразот во оваа борба не можеше да го скрши Вера, која вети дека во иднина ќе стане шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON