Ковалев за реваншот со Алварез повторно со нов тренер

Сергеј Ковалев (32-3-1, 28 КО) го искористи правото на реванш против Еди Алварез (24-0, 12 КО) уште еднаш ќе се обиде да ја врати светската титула.

35-годишниот Русин на 2 февруари во Фриско во Тексас повторно ќе се бори со една година помладиот Колумбиец. Во првата борба во Атлантик Сити во август, Алварез три пати го соборуваше Ковалев во седмата рунда на пат до победата со технички нокаут и освојувањето на титулата во полутешка категорија. До тој момент Русинот имаше предноста кај сите судии.

Ковалев е познат како тежок човек за заедничка работа, така и Арбор Турсунпулатов, кој го замени тренерот Џон Дејвид Џексон, тивко е сменет и „Крушер“ за повторниот напад на титулата ќе има нов тренер во аголот.

Станува збор за 54-годишниот Бади Мек Гирт.

„Се одлучи за Бади. Тоа му е недалеку од куќата, тренираше неколку пати со него иму се допадна. Донесоа одлука да работат заедно“, рече менаџерот на Русинот Егис Климас.

Дискутабилно е дали тврдоглавиот Ковалев ќе го слуша новиот тренер.

„Повеќе нема избор. Мора да почне некого да слуша, бидејќи формулата која досега работеше за него веќе не работи. Ова е за него стани-падни. Тој го сфаќа тоа, сфаќа колкав е влогот. Сега веќе нема избор, така што сега разбира“.

Ковалев е 2-3 во последните пет меча. По двата порази од Андре Ворд, ја освои слободната титула на ВБО во полутешка категорија против Вјачеслав Шабрански. Ја одбрани против Игор Михалкин пред поразот од Алварез.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON