Ковалев: Ворд може да го победам и пијан!

Сергеј Ковалев и Андре Ворд се на медиумска турнеа во Лос Анџелес по повод нивниот реванш на 17 јуни.

34-годишниот Русин му одговори на тренерот на Ворд на коментирот дека треба да ја остави вотката ако мисли да го победи неговиот боксер. Крушер вели дека Верџил Хантер е збунет, бидејќи ако тој бил пијан, а на неговиот боксер му ја поклониле одлуката, значи дека тој може да го победи и во таква состојба.

„Ако пијам … во ред, значи, дури и кога сум пијан може да го победам Андреа Ворд. Дури и да бев пијан во последната борба повторно го победив и ме ограбија. Јас победив во таа борба. Значи, може да бидам пијан и повторно да го победам Андре Ворд. Тоа е смешно. Не е вистина дека цело време пијам. Не бев пијан. Јас се грижам за своето здравје“, рече Ковалев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON