Се уште има горчлив вкус во устата на рускиот боксер во полутешка категорија, Сергеј Ковалев, откако минатата година ги загуби светските титули од Андре Ворд. Поранешниот шампион на ВБА, ИБФ и ВБО вети дека ќе ги натера Ворд и неговиот тим да си го прегризаат јазикот.
„Тие ми даваат мотивација“. Кога изгубив, многу се нервирав, незаслужено загубив. Во Русија се повеќе отколку во Америка, нели се сеќаваш. Но во Америка, дури и во Америка, навивачите на Ворд ми пишуваа на Фејсбук, Инстаграм, на сите социјални мрежи, дека јас сум го добил мечот. Сега ќе ме поддржат во претстојната битка.
„Сакам да ги разочарам, бидејќи во моментов зборуваат многу глупости на моја адреса. Тие велат јас ова, јас она. Не ме интересира. Ќе платат на рингот за сè што рекоа. Верувајте ми“, порача Ковалев.
Иако Ковалев тврди дека го добил мечот, додава дека се претренирал за битката во ноември.
„Се чувствувам многу добро, знаете, овој пат воопшто не сум нервозен во врска со мојата форма“, рече тој.
„Се борев против Андре без сила. Енергијата и силата ми ги снема еден месец пред борбата. И, сега сфатив дека сум направил многу добра битка, без грам сила против боксер кој верував дека е најдобар американски борец… Но сега чувствувам дека оваа битка ќе биде различна и многу подобра од последната.
Во овој тренинг камп ги елиминирам сите ми грешки од последниот натпревар и ми се допаѓа како се справувам. Сега мислам дека овој камп е многу подобар и правилно изграден. Се е совршено и ќе го видиме тоа на 17 јуни“, заврши Ковалев.