Во театарот Медисон сквер гарден во Њујорк се одржаа две борби за светски првак во полутешка категорија.
34-годишниот Русин Сергеј Ковалев (32-2-1, 27 КО) по втор пат ја одбрани ВБО титулата со прекин во седмата рунда против сонародникот Игор Михалкин (21-2, 9 КО). Судијата во рингот во седмата рунда ја прекина борбата и повика лекар кој го советуваше судијата Стив Вилис да го прекинемечот.
Дмитри Бивол (13-0, 11 КО) ја одбрани титулата на ВБА. 27-годишниот Русин во средината на 12 рунда го нокаутира Кубанецот Саливен Барера (21-2, 14 КО) и му го нанесе вториот пораз во кариера. Првиот го доживе 2016 година против Андреа Ворд.
https://youtu.be/deg8oF1uD60
https://youtu.be/wwsQMVJYSqY
.