Светскиот шампион во полутешка категорија на WBA / WBO / IBF, 32-годишниот Русин, Сергеј Ковалев, одговори на критиките упатени до него од поранешниот светски шампион и иден противник, Жан Паскал.
Канаѓанецот рече дека Ковалев нема навивачи за да купат билети и да го гледаат. Сепак, Ковалев не доцнеше со одговорот.
„Најдобриот продавач на билети! Додека Паскал продава билети, јас собирам титули“.
Реваншот меѓу Ковалев и Паскал е закажан за 30 јануари во Монтреал, Канада.