Котур: Не знам кој може да го плати Федор, но знам дека УФЦ би сакал!

fdeor-randy

Легендарниот шампион на УФЦ, Ренди Котур, уште еднаш даде интервју во врска со враќањето на Федор Емилијаненко. Пред неколку дена изјави дека не планира да се врати во просторот за борби и за евентуален меч со Емилијаненко, но, сепак остави отворена можност велејќи: „Никогаш не вели не“. 

Овој пат изрази сомневање дека некој друг освен УФЦ и Белатор можат да си го приуштат скапиот Русите, но ја откри позадината на неговиот сегашен однос со УФЦ. Таму повеќе се враќа!

 „Никогаш не може да речете дека нешто сигурно нема да го направите, но во моментот сум многу среќен со се што правам во животот. Се зависи од моментот, ситуацијата, развојот на нештата. Но, Федор не е евтина играчка. Не знам кој ќе плати така солена цена во овој момент. Со оглед на тоа како ја заврши кариерата досега, не сум сигурен дали и Белатор и Виаком ќе можат да платат тоа, и покрај тоа што се чини како најлогично место каде ќе заврши“, рече тој за MMAFighiting.

Во боречките кулоари веќе некое време се зборува за нова јапонска ММА промоција која ќе стане реалност во 2016 година. Според Котур, и тоа е веројатна опција. УФЦ никогаш не треба да се отпише …

„Знам дека во текот на следната година во Јапонија ќе почне да делува нова голема ММА организација, а Федор таму има големо име. Можеби тие имаат длабок џеб да го платат. Знам дека УФЦ сигурно би го сакал во својот кафез, а ако се реализира тоа, јас сигурно нема да бидам во комбинација“, вели Котур.

Веќе со денови трае надавањето каде би можел Федор Емилијаненко да се бори по враќањето во активниот спорт. Засега, тој не се огласи, а претпоставките ги остави на поранешниот менаџер и пријател Вадим Финкелштајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON