Светскиот шампион во бокс во средна категорија на ВБЦ,Порториканецот Мигуел Кото (35 г.) пак одговори на прашањето дали би излегол на мегдан против Генади Головкин (33 г.).
„Ова е бизнис, па после мојата борба против Алварез ќе ја бараме најпрофитабилната опција. Ако средбата со Головкин ми е од корист, тогаш ќе застанам во рингот против него. Но не ми е потребно да се борам со Головкин, за да продолжам напред во кариерата. Головкин си пишува сопствена историја. Секој кој сака да се бори со мене, затоа треба да ги почитува моите услови“.
На 21 ноември Кото ќе има средба со 25-годишниот Мексиканец, Саул Алварез.